Од вторник ТЕХНОМА, МАКИНОВА, Техноинвент и Саем за транспорт и логистика

Од:

На Скопски саем од 18 до 22 октомври ќе се одржи 42. Меѓународен саем ТЕХНОМА на кој во три саемски хали ќе се претстават повеќе од 160 директни излагачи од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедувањето и заштитата од земјава, регионот, Италија, Австрија и Германија.

Во рамките на ТЕХНОМА по првпат ќе се одржи настанот „Техноинвент – старт енд гроу“, четвртото издание на Саемот за транспорт и логистика, како и 17. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство, и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА.

– ТЕХНОМА секогаш излегува во пресрет на иновациите и новите технологии. Со Фондот за иновации и технолошки развој првпат годинава ќе го одржиме новиот настан „Техноинвент – старт енд гроу“ на кој ќе се претстават над 30 стартап компании  на кои ќе им овозможиме да се промовираат и да излезат на пазарот да си го најдат своето место, рече Валентина Димитрова од Скопски саем на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека во соработка со Фондот и Сојузот на стопанските комори ќе се организариаат повеќе настани во рамките на ТЕХНОМА.

Директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска посочи дека заедно со Скопски саем и 12 организации за поддршка на стартап претпријатијата во сите саемски денови ќе организираат целосна програма проследена со работилници, презентации и конференција.

– Во Метрополис арената во делот „стартап авенија“ и во делот со програма за „ стартап“ и за сите студенти кои би сакале да започнат со сопствен стартап, сите заинтересирани ќе можат да видат што се најиновативните продукти на македонските претпријатија, да се информираат, да учествуваат во програмите и да си ги изградат сопствените капацитети за да бидат подобри претприемачи, рече Поповска.

Сања Кондарко од Скопски саем прецизира дека на 4. Меѓународен саем транспорт и логистика во дел од Метрополис арената  на површина од 1.000 метри квадратни ќе се претстават транспортни компании, пристаништа, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта од Македонија, поширокиот регион, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија,…

– Оваа саемска манифестација се одржува биенално. И минатото саемско издание во 2014 година се одржа во истиот период со ТЕХНОМА што се покажа како доста успешно од аспект на компатибилната посета и компатибилноста на компаниите кои изложуваат, рече Кондарко.

Нагласи дека во рамките на Саемот за транспорт и логистика  ќе се одржат трибини за стручната и деловната  јавност во коорганизација со партнерот  на Саемот – СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

МАКИНОВА ќе се одржи во третата саемска хала на посебен дел.

Работното време на саемот  ќе биде од 10 до 19 часот, а влезницата вообичаено ќе чини 90 денари за поединечни посети и 40 за организирани групни посети.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

Орце Костов

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска