Од почетокот на корона-кризата, АВРМ евидентирала 8.160 невработени

Од:

Во периодот 11 март до 30 април годинава, во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по основ на прилив од работен однос, се евидентирани 8.160 невработени лица.

Од вкупниот прилив на невработени лица од работен однос, според основот на престанок, 4.279 лица (52,4%) се поради истек на определено време, 1.987 лица (24,4%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 853 лица (10,5%) се поради отказ од работодавач, 597 лица (7,3%) се поради отказ од страна на работникот, 199 лица (2,4%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични промени), 68 лица (0,8%) се поради стечај – ликвидација, 37 лица (0,5%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 140 лица (1,7%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).

Според претежната дејност на работодавачот, најголем дел од приливот на невработени лица од работен однос е од преработувачката индустрија (2.804 лица или 34,4%), од дејноста трговија на големо и трговија на мало (1.705 лица или 20,9%), како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.243 лица или 15,2%).

Според школска подготовка на невработените лица, најголем број се со завршено средно образование и непотполно средно образование (4884 лица или 59,8%), без образование и со основно образование се 2.142 лица (26,3%), а со вишо и високо образование се 1.134 лица или 13,9%.

Според возраста на лицата, најголемиот дел се на возраст од 30 – 49 години (3973 лица или 48,7%), на возраст до 29 години се 2149 лица (26,3%), а на возраст над 50 години се 2038 лица (25%).

Воедно, во изминатиот период (11.03 – 30.04.2020 година) во Агенцијата за вработување се поднесени приближно 3.900 барања за остварување право на паричен надоместок во случај на невработеност. Од нив, досега позитивно се решени 1.800 барања, 100 барања се одбиени поради неисполнување на условите за остварување на ова право, а во тек е обработка на останатите барања.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он