Од идната година олеснети услови за македонските работници во Хрватска

Од:

На хрвaтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави, односно земји кои не се членки на Европската Унија.

Промените, кои во одредени услови би можеле да значат олеснет пристап до дозволи за работа и за работниците од Македонија, требаа да стапат во сила годинава. Меѓутоа, постапката беше прекината од долготрајната иницијатива за измена на Законот на странци. Новиот предлог-закон вчера беша испратен на усвојување во Саборот.

Сега се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба само да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Хрватска изминатите години, посебно во туризмот и градежништвото, вработува голем број странски работници, а бројни се и луѓето од Македонија кои одат во земјата за да работат токму во овие сектори. Хрватските синдикати предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика дополнителен притисок врз намалување на цената на трудот.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Тешко повредена работничка во Кочани

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки