Од 25 до 29 октомври 43. издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА

Од:

Во организација на Скопски саем од 25 до 27 месецов во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржат 43. издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017.

На саемските манифестации ќе бидат презентирани дејности, производи, услуги и експертиза на домашни и странски фирми од металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото…

– Тимот на Скопски саем со години ги подготвува познатите саемски манифестации кои резултираат со десетици илјади посетители и бројни бизнис конекции и контакти со значително влијание врз економијата во Република Македонија. Овој стучен тим во целост ја вложи својата умешност и долгогодишно искуство во организација на годинешното издание на саемот ТЕХНОМА 2017 и ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе ја претвори во центар за иновативност и технологија, изјави Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем.

Како што потенцираат од Скопски саем, на ТЕХНОМА веќе четири децении се претставуваат националните економии од многу земји и региони и се организираат разни стручни програми и Б2Б средби.

Официјалното отворање на ТЕХНОМА 2017 е закажано за 25 октомври (среда) во 11:30 часот во ВИП арена „Борис Трајковски“.

Работното време за посета на саемот е од 10 до 19 часот. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

Орце Костов

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска