НУК и ЗУПМ „Музика сега“ побараа од Владата укинување на дел од точките од протоколите за организирање свадби

Од:

Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега“ побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели, соопшти Незнависната угостителска комора (НУК).

– Нивните барање кои се воедно и дел од укажувањата со барањата на НУК се во целост поддржани, како и нивното право доколку истите не бидат ислушани својот глас да го искажат и преку протест, нагласуваат од НУК.

Дополнителен проблем со новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби, додаваат, е и точката 7 со која угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

– Наместо Владата побрзо да излезе во пресрет на укажувањата за недоследноста на промената на постојните протоколи за работа на угостителските објекти и новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби ги доведува угостителите и организаторите на своите прославиво ситуација на постоење протоколи и понатаму да не можат да организираат свадби, прослави и веселби, се вели во соопштението од НУК.

Само во текот на вчерашниот ден, посочуваат, повеќе од десетина телефонски јавувања се однесувале за пријава на угостителски објект согласно член 7 односно за регистрација и пријава на прослава во т.н. Регистар кој го води Угостителската комора.

– Со оглед дека ниедна комора во моментов не го води овој регистар на свадби, прослави и останати веселби ниту има овластување и обврска да го води, угостителите немаат можност и начин да организираат прослава во својот угостителски објект согласно новите протоколи без истите да бидат прекршени со што се доведуваат во стартот да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат за непочитување на овие протоколи, наведуваат од НУК.

На овој начин, посочуваат, угостителите и организатори на прослави се доведени во заблуда да и покрај постоење на посебни протоколи за организација на свадби, прослави и веселби истите и понатаму не можат да се реализираат и одржат.

– Затоа Владата има за обврска и одговорност итно да ги промени проблематичните точки од протоколите на кои укажавме веднаш по нивното донесување со цел да се овозможи на угостителските објекти да работат законски согласно препораките и протоколите за заштита и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, велат од НУК.

Би можело да ве интересира

Угостителите од НУК се жалат дека градоначалничката Арсовска ги игнорира

НУК иницира воведување критпо средства во угостителската индустрија

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов

Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

Ана Ололовска

НУК бара укинување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти

Ана Ололовска