Нови цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 24.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 2,212%, кај дизелот има намалување за 8,237%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,389% и кај мазутот исто така има намалување за 2,793%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5477%.

Од 1.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 2,5 денари по литар

Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки