Македонската стартап иновација Гетаут ДООЕЛ нуди нова онлајн платформа за обединување на услужните дејности, од туризам и угостителство, до настани, образование и козметички услуги. Преку неа претпријатитјата од овие дејности можат да продаваат дигитални ваучери за нивните услуги кои ќе може да бидат искористени во нивните локали откако пандемијата ќе стивне. Купувачите, пак, со користењето на оваа платформа, покрај тоа што ќе користат попусти, навремено и централизирано ќе бидат информирани за настани, можности, акции и слични теми од нивен интерес.
-Многу бизниси на светско ниво и во Македонија моментално се затворени поради глобалната пандемија и соочени со финансиски проблеми – не остваруваат приход. Како резултат на тоа многу вработени не земаат плата или истата е намалена, а и дел од овие претпријатија се под значителен ризик на банкрот. Лансирањето на оваа платформа започнува со еден вид општествено корисна акција, најмногу за услужната дејност. Имено, ‘Covoucher-19’ е акција организирана од Гетаут во соработка со Ја би Скопје, платформа која поттикнува креативност, самоиницијатива и позитивност ја истакнува забавната страна на Скопје, велат од Гетаут.
Целта на акцијата, додаваат, е да им помогне на сите мали и средни претпријатија во земјава кои нудат одредени сервиси и услуги, но моментално не се во можност да ги извршуваат.
-Ова е јавен повик за секој бизнис што сака да учествува во ‘Covoucher-19’ акцијата и да ги продава своите услуги во форма на дигитални ваучери преку платформата на Гетаут, да аплицира преку формуларот на следниов линк: https://getout.mk/covoucher-
Гетаут ДООЕЛ, потенцираат, не земаат никаква провизија при продажба на дигиталните ваучери, ниту пак Гетаут или Ја би Скопје бара некаков паричен надоместок од бизнисите или клиентите коишто ќе ги купуваат тие ваучери.