Нова цена на дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на одлуката од 23.6.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,613%, кај дизелот намалувањето е во просек за 5,146% $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,462% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,906%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0856%.

Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Ако Регулаторна ја одредува цената на водата, ќе се намалат загубите, вели Бисломовски

Цената на парното останува иста

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поевтинуваат бензините

Поскапуваат горивата