Норвешка се збогува со кешот од 2020 година

Од:

Во Норвешка само 5 отсто од трансакциите се извршуваат во кеш, останатото се реализира преку платежни картички, констатира норвешката финансиска корпорација „Finans Norge“ која се залага за целосна замена на плаќањето со кеш во корист на платежните картички за да се спречи, меѓу другото финансискиот криминал кражбите и „црните пари“.

Според оваа институција овој процес би требало да се заврши до 2020 година.

– Плаќањето во кеш претставува така мал процент во општеството, што можеме и без него – велат од норвешката финасиска корпорацијата „Finans Norge“.

Спротивно на оваа институција аналитичарите предупредуваат дека финасискиот криминал не зависи само од начинот на реализирање на трансакциите, но затоа пак отстранувањето на кешот како можност за плаќање би значело атак врз системот на слободно плаќање.

– Мислам дека е наивно да се верува дека криминалот ќе исчезне со повлекување на кешот. Сведоци сме дека криминалот ги опфаќа сите сегменти, а банката и електронскиот начин на плаќање не се исклучок – вели аналитичарот Гури Мелби.

Освен во Норвешка, намалена употреба на кеш забележана е во Шведска и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби