Николовски: Нови мерки за поддршка во земјоделството со развојна компонента

Од:

Нови мерки во програмата за финансиска поддршка на земјоделството најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски. Проектираните субвенции, нивната висина и распределба, како што рече, ќе ја вратат развојната компонента и ќе придонесат за зголемување на производството, обработливите површини, бројот на добиток и доходот на земјоделците.

Николовски на прес-конференција во Владата соопшти дека мерките се креирани по многу консултации со сите чинители во земјоделството, но и согласно препораките од Светска банка и ЕУ, а целта е директната поддршка постепено да се намалува на сметка на поддршката на руралниот развој.

„Првата нова мерка што првпат се воведува е „зелената нафта“, проектирана на 200 милиони денари што ќе ги добијат 55 илјади земјоделци, производители на полјоделски, градинарски и овошни култури, како и лозови насади. Следната мерка е за малите земјоделски стопанства до еден хектар и изнесува 6.000 денари за хектар до 0,5 хектари површина и 12.000 за хектар за површина од 0,5 до 1 хектар“, информира министерот.

За поттикнување на јаболко производството субвенциите за одржување насади годинава се зголемуваат од 33.000, на 41.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат еден до пет хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари. Во делот на градинарството, како што нагласи Николовски, се олеснуваат критериумите за аплицирање, односно се воведува пријавување на збирна засадена површина.

„Ова значи дека површините под градинарски култури при процедурите во Платежната агенција ќе се гледат збирно што ќе резултира со драстично намалување на бројот земјоделци кои во претходните години биле одбивани заради сложените постапки“, објасни Николовски.

Рече и дека со програмата двојно се зголемува поддршката за оризот, од 6.000 денари на 18.000 по хектар. Значителни субвенции ќе добијат производителите на сончоглед, 23.160 денари по хектар оние што имаат од пет од 50 хектари и користат сертицифирано семе, додека оние што не се во овој опсег но користат сертицифирано семе ќе добијат поддршка од 15.000 денари.

Се зголемуваат субвенциите и во сточарството, за предадено овчо и козјо млеко од четири на 4,5 денари за литар. Министерството, посочи Николовски, посебен акцент става на живинарството.Од 33 на 40 денари се зголемува субвенцијата за одгледани и заклани бројлери за да се поттикне производството, а од 25 на 125 денари расте поддршката за заклани несилки. Двојно повисоки субвеници има и за произведените еднодневни пилиња.

„И годинава останува зголемената поддршка од 20 отсто за растителното производство со развоен потенцијал.Продолжува поддршката и за стратегиските култури: тутунот, гројзето, пченицата,“потенцира министерот.

Поддршката во програмите е јасно разграничена, и неможе да се совпаѓа за иста категорија производи или некоја друга намена. Исклучок е механизацијата чија набавка ќе може да се покрива и од програмите за поддршка и од ИПАРД.

Би можело да ве интересира

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Николовски: 2024 е година на зголемена поддршка во сточарството, креиравме нови мерки според потребите на сточарите

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина