Невработеноста во Чешка во октомври изнесува 7,1 проценти

Од:

Невработеноста во Чешка во октомври изнесува 7,1 проценти и споредено со претходниот месец е намалена за 0,2 процентни, соопшти чешкиот Завод за вработување.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, без работа се 519.638 луѓе, односно 9.460 помалку отколку во септември. Бројот на слободни работни места се зголемил за 1.661 на 58.217.

Споредено со минатата година, стапката на невработеност е намалена за 0,5 процентни поени, а бројот на слободни работни места се зголемил за 19.080.

Според експертите, врз ситуацијата на пазарот на работна сила освен економското закрепнување влијае и постоењето на сезонската работа и тоа во угостителство, градежништвото, туризмот или подоцнежните земјоделски работи.

Се забележува и нагорен тренд во индустриското производство во земјата.

– Во наредните месеци, можно е да стагнира невработеноста или со постепено намалување на сезонската работа малку да се зголеми, се вели во соопштението од чешкото Биро за вработување.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски