Невработеноста во Чешка 7,6 проценти

Од:

Стапката на невработеност во Чешка, минатиот месец изнесувала 7,6 проценти и бележи мало зголемување во споредба со август кога изнесуваше 7,5 посто, јави дописникот на МИА од Прага.

Според објавените информации на Министерството за труд и социјална политика, евидентирани се 557.058 лица кои бараат работа, од кои 541.847 се на возраст од 15-64 години, односно работоспособни кои можат веднаш да започнат со работа. Вкупниот број на невработени во септември е зголемен за 3.973 луѓе. На годишно ниво зголемувањето е за 63.890 лица.

– Ситуацијата на пазарот на трудот во споредба со претходните години не бележи некои драстични промени во споредба со претходните години. Малото зголемување на невработеноста главно се должи на прекинот на сезонската работа, освен во градежништвото, каде се уште постои активност, изјави портпаролот на чешкиот Завод за вработување, Катерина Беранкова.

Заводот, на крајот на септември евидентирал 41.422 слободни работни места, односно за 843 повеќе од претходниот месец и 613 повеќе од истиот период минатата година. Тоа значи дека за едно работно место во просек имало 13,4 заинтересирани лица.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски