Недостиг на тоалетна хартија во Венецуела

Од:

Венецуела се соочува со недостиг од тоалетна хартија, а претходно беше регистриран недостиг на млеко, масло, кафе и пченкарно брашно.

Обвинувајќи ги за недостигот политичките противници, социјалистичката Влада најви дека ќе увезе 50 милиони ролни тоалетна хартија, со цел да ги зголеми залихите.

Според економистите недостигот во Венецуела се должи на контролата на цените, чија цел е да ги направи најнеопходните производи достапни за најсиормашните слоеви од населението, како и поради владината контрола на странските валути.

– Проблемот со недостигот само ќе се продлабочува, како што се случуваше претходно во Советскиот сојуз, изјави професорот по економија на универзитетот „Џон Хопкинс“, Стив Ханке.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој беше избран од покојниот Уго Чавес да ја продолжи неговата „Боливарска револуција“, тврди дека антивладините сили, меѓукои и приватниот сектор, го предизвикуваат недостигот со цел да се дестабилизира земјата.

Голем број од фабриките работат со половина капацитет, бидејќи монетарната контрола го отежнува плаќањето на увезените материјали.

Чавес ја воведе монетарната контрола пред една деценија, со цел да го спречи истекување на капиталот.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски