Не се наѕира Европски план за рестартирање на економијата во пресрет на ЕУ самитот

Од:

Масивниот европски план за рестартирање на економијата по кризата со коронавирусот кој го бараат Франција и Шпанија нема да биде предмет на договор меѓу 27 земји членки на ЕУ уште неколку недели, изјавија француски функционери во пресрет на самитот на ЕУ преку видеоконференција.

Франција и Шпанија бараат ЕУ да воспостави план за закрепнување за европската економија од најмалку илјада милијарди евра за Франција, 1.500 милијарди евра за Шпанија, финансиран од долгорочни заеми, потсетува Елисејската палата. Но, додека повеќето земји од ЕУ се согласуваат за потребата од мерки за поддршка, нивниот обем, методот на финансирање и дистрибуција се уште длабоко ги дели 27-те земји членки на ЕУ.

-Дискусиите ќе продолжат во текот на неколку недели. Ќе биде потребен физички состанок на шефовите на држави и влади за да дејствуваат, можеби во јуни, изјавија функционери во Париз, кои изразија претпазлива надеж за договор „во текот на летото “.

Париз притоа нагласува дека не сака „избрзан договор, на попуст“ и предупредува дека „Франција нема да ја даде својата согласност за европски буџет, кој не би дал одговор на кризата“. Ова е сериозна закана, бидејќи усвојувањето на европскиот буџет бара едногласност на сите 27 земји членки.

Париз исто така сака овие стимулативни мерки да вклучуваат не само заеми на проблематичните држави, како Шпанија и Италија, туку и трансфери на средства, како дел од механизмот за солидарност.

-Ако нашиот единствен пазар, нашиот мотор, не профункционира повторно, Европа ќе се најде во големи тешкотии, уште повеќе, бидејќи надворешните пазари ќе бидат во тешкотија. Европската солидарност е во наш интерес , тврди Елисејската палата, соочена со воздржаноста на земји како Германија, Холандија и оние од северна Европа.

-Ако кажеме дека одговорот на кризата е дека секоја земја го гради својот сопствен план, што е можно поголем за оние кои можат да си го дозволат тоа, додека другите така колку што можат, тоа нема да биде економски одржливо“.

Во отсуство на договор на 27, Париз не исклучува да има „поограничени формати на инструментот на солидарност“. И понатаму, гарантира дека еколошките императиви на „Зелениот договор“ на ЕУ мора да останат приоритет.

Франција исто така верува дека надворешните граници на ЕУ ќе останат затворени барем до летото. Од друга страна, се надева на побрзо отворање на внатрешните европските граници, особено на француско-германската граница, каде движењето во моментов е ограничено, односно дозволено само движење на пограничните работници.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ