Наскоро директно ќе се лета од Македонија во САД

Од:

Директни редовни и чартер летови Македонија-САД, ова ќе го овозможи денеска потпишаната спогодба за воздушен сообраќај меѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и американскиот заменик помошник државен секретар, Филип Рикер.

„Уште од утре ќе почнеме со процес на лобирање и анимирање на авиокомпаниите за да им укажеме на оваа можност и сите поволности што ги нудат пред се македонските аеродроми. Очекувам дека ќе се пројави интерес, но сепак тоа зависи од бизнис логиката и комерцијалниот аспект за воспоставување на летовите“, изјави министерот Јанакиески .

„Сакаме да направиме се што можеме за да ги продлабочиме односите меѓу САД и Македонија. Со потпишувањето на договорот ќе ја зајакнеме економската соработка и билатераланите врски, особено овој пат кога фокусот го ставаме на економијата, економскиот раст и реформите кои се многу важни“,изјави Рикер и додаде дека промовирањето на развојот на Македонија е долгорочен значаен приоритет на САД.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот