Намалувањето на тензиите меѓу Русија и Украина ги намали европските цени на гасот

Од:

Цените на природниот гас во Европа денеска почнаа да паѓаат откако Русија најави делумно повлекување на војниците од украинската граница.

Цените на природниот гас за мартовските фјучерси со кои се тргува на TTF, виртуелното тргување со природен гас со седиште во Холандија, во вторникот достигна 83,60 евра.

Природниот гас денеска се тргуваше за 68,50 евра – за 15 отсто пониска цена откако претходната сесија заврши на 80,77 евра.

Европа увезува приближно 40 проценти од потребите за природен гас од Русија, што е еднакво на 175 милијарди кубни метри.

Меѓународниот бенчмарк Брент, исто така, падна откако се намалија тензиите меѓу Русија и Украина.

Суровата нафта „брент“ денеска се тргуваше за 94,37 долари за барел во 8:15 часот по Гринич со пад од 1,96 отсто, откако во претходната сесија достигна 96,26 долари за барел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра