Најголемите сто работодавци во Романија за време на кризата отпуштиле 36.000 лица

Од:

Најголемите сто работодавци во Романија, кои заедно имаат 520.000 вработени, што е околу 12 проценти од вкупниот број вработени во земјата, соопштуваат дека го намалиле персоналот за 36.000 лица во периодот 2008-2012 година, пишува денеска весникот „Зиарул финансиар“, повикувајќи се на информации од Трговскиот регистар.

Во 2012 година, сепак е забележан позитивен тренд со регистрирани 1.000 нови вработувања, во однос на претходната 2011 година.

Најголемо намалување на работна сила имало во државните компании Романска државна железница и Романска пошта.

Во 2008 година во Романска пошта работеле над 35.000 лица, а во 2012 година нивниот број изнесува малку над 31.000 вработени. Во државните железници бројот на вработени е намален за 4.705 лица, од 27.610 на 22.905 луѓе.

Кауфланд вработил најмногу службеници за време на кризата, над 4.000 нови вработени. Производителите на автомобили во Романија во периодот на кризата, исто така, вработиле повеќе лица, отколку пред кризата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет