Над 400 илјади граѓани на Република Македонија нарачале/купиле онлајн

Од:

За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците. Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатамoшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати.

„Спроведената анкета во првото тромесечие на 2018 година во Република Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст на онлајн трговијата. Во овој период нарачале/купиле онлајн 31,6% како процент од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Тоа значи дека 406 илјади Македонци нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци“, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Од Асоцијацијата велат дека Македонците како и во минатата година, најмногу купувале облека и спортска опрема но структурно со помало учество од минатата година. На сметка на тоа повеќе купувале производи за домаќинство, храна и друго.

Од каде купувале најмногу? Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека за разлика од минатата година (31,7%), Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%). Ако во минатото доминантна онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, најновте податоци на Државниот завод за стaстистика покажуваат дека Македонците доминантно онлајн тргувале од домашните е-трговци.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски