Над 350 фирми отворени последниве шест години во Куманово со средства за самовработување

Од:

Четириесет и двајца невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување Куманово следат обука во рамки на програмата за самовработување, која е дел од владиниот опертивен план за намалување на невработеноста.

– Следно по завршување на обуката  е подготовка на бизнис план за кој ќе им помогнат советници. Подготовката на бизнис планот исто така е вклучена во проектот, информира Младена Јаќимовска од кумановската Агенција за вработување.

Обуката е втор чекор од спроведувањето на проектот за кој во Куманово аплицирале 170 невработени.

Од кумановската Агенција информираат дека од 2007 година досега во Куманово отворени се над 350 бизниси и околу 90 отсто од нив успешно опстојуваат, дури има и фирми кои вработуваат по десетина невработени лица.

Со програмата за самовработување се предвидува можност за самовработување со добивање грант од 3.000 евра за основање и реализација на сопствен бизнис. Овие средства може да се наменат и за набавка на опрема и репроматеријали.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец