Над 100 домашни и странски компании на „Macedonia Manufacturing Expo 2019“

Од:

Во организација на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ и делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, денеска и утре ќе се одржи третиот Саем за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019“.

На настанот ќе учествуваат 100 компании производители, 33 компании купувачи и 15 директни странски инвестиции. Покрај домашните компании, ќе учествуваат и претставници на компании од Германија, Холандија, Јапонија, Грција, Словенија, Србија, Албанија и од Косово.

Саемот ќе го отворат Марта Наумова Грнарова, претседателка на МАМЕИ, и директорот на делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс. Најавено е обраќање и на министерот за економија Крешник Бектеши, Арбен Вила, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс, и директорот на УСАИД, Едвард Гонзалес.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска