Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе презентира нацрт студија за изводливост за научно технолошки парк во Скопје, финансирана од ЕУ.
На настанот ќе се презентираат детали од анализата за избор на моделот како и на севкупниот концепт на научно технолошкиот парк, по што ќе следи дебата со претставници на повеќе релеванти институции, факултети и стопански комори.
На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.
– Воспоставувањето на научниот технолошки парк има цел поттикнување економски раст, унапредување на културата на иновации, конкурентноста на компаниите што имплементираат иновативни модели, услуги или производи. Се очекува да го стимулира развојот и размената на научното знаење и технологија меѓу универзитетите, истражувачките институции, компаниите и пазарот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој.