На Скопски саем почнува Мебел 2013.

Од:

На Скопски саем од денеска почнува Меѓународниот саем за мебел, кој ќе се одржи до 31 март. На овогодинешното издание ќе се претстават 160 директни изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители. Саемот официјално ќе го отвори градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.

Саемот ќе се одвива во седум саемски хали. Дваесет проценти од изложувачите се од странство, а карактеристично е што од година во година расте бројот на домашни производители на мебел што покажува дека има подем во оваа индустриска гранка. Присутни се компании од Македонија, Италија, Бугарија, Грција, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија и Чешка, а компаниите од Турција ќе имаат заеднички настап.

Посетителите ќе имаат можност да погледнат најнови трендови во производството на мебел за дом, за кујни, бањи, спални, детски соби, канцеларии, мебел за јавни објекти, за индустрија и слично.

Мнатата година оваа саемска манифестација ја посетиле над 50.000 посетители, а оваа година се очекуваат во шесте саемски денови да се привлечат поголем број посетители. Тоа според организаторите се должи на потребата за нов дизајн, за промена, адаптирање на своите домови…

Традиционално ќе биде доделена наградата за производителите и трговците, а предвидена е и наградна игра за посетителите.

За времетраење на Мебел 2013 во Управната зграда на Скопски саем ќе биде отворена изложба на антиквитетен мебел и уметнички слики организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН.

Скопски саем обезбеди и изложбен простор без надомест на СОС Детско село на кој штитениците ќе имаат своја промоција и ќе го презентираат и понудат на посетителите она што го создаваат.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска