На првиот саем за „Купи куќа, купи стан“ над 50.000 посетители

Од:

Над 50.000 посетители во изминатите три дена се информирале за проектот „Купи куќа, купи стан“ на Првиот саем што за овој проект се одржува во Скопје сити мол.

Саемот почна на 24-ти овој месец, а заинтерисираните на едно место можат да добијат информации за становите кои се нудат и се вклопуваат во овој проект, како и за можноста за добивање на субвенционираниот кредит преку комерцијалните банки.

Граѓаните пројавуваат интерес за проектот и го оценуваат како одличен. Според посетителите, понудите се интересни. Го посетиле саемот за да соберат повеќе информации и да донесат одлука. Некои се за да обезбедат прв сопствен дом, а некои за да добијат поголем комфор и да купат поголем стан од она што го имаат.

Градежните компании, исто така, посочуваат дека интесот бил голем и дека дневно поминувале и по 20.000 посетители.

Проектот беше промовиран во 2012 година. Досега 340 лица го решиле своето станбено прашање, а финансиската помош е 2,5 милиони евра. Поради интересот проектот ќе продолжи и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела – половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. Вториот модел е учество.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска