Општина Куманово продава парцели од индустриски зони

Од:

Градоначалникот, Зоран Дамјановски денес се сретна со кумановските стопанственици, со цел да укаже дека локалната самоуправа нуди продажба на парцели во индустриските зони.

Имено Дамјановски на бизнисмените им ги понуди поволностите кои што може да ги добијат доколку се одлучат, по пат на електронска лицитација да дојдат до парцели во зоната, на касарната „Христијан Тодоровски-Карпош“ и кај касарната во атерот на село Речица.

-На триесетина стопанственици, домашни инвеститори им ги презентиравме 56-те локации за изградба на стопански објекти. Мислам дека тоа е позитивен чекор во економскиот развој на градот. Локалната самоуправа прави напори и проекти за инфраструктурата, се мисли и на поволности за нашите домашни инвеститори-изјави градоначалникот и додаде дека се надева дека оваа идеја ќе даде плод и дека ќе има над 2.000 вработувања, како и зголемување на БДП.

Електронската лицитација за продажба на 11 парцели, ќе започне од понеделник, додека останатите парцели ќе бидат изложени наредните месеци, зависно од интересот. Почетната цена на аукцијата е едно евро од м2, со депозит 30 проценти од предвидената цена, која ќе им биде вратена доколку изгубат на лицитацијата.

-Не знам од кои причини во Куманово не постоеше таков тип на зона, во која што ние бизнисмените кои што имаме интерес да ги зголемуваме капацитетите, да го шириме бизнисот, дојдеме до ефтино земјиште и поволни комуналии со кои можеме да вршиме нови вработувања. Јас сум голем оптимист за развојот на индустриските зони и мислам дека почетокот е добар-изјави бизнисменот, Бобан Спасовски.

Градоначалникот Дамјановски ја искористи можноста и од бизнис секторот побара помош за финансирање на Сојузот на спортот, за да се надмине проблемот со Спортската сала во Куманово.

-Финансирањето од буџетот на општината не е доволно, особено поради нерешените сопственички односи на Спортската сала. Салата не е во функција, не се плаќаат комуналните такси, не се одржува и ние сме во безизлезна состојба. Имаме екипи, но немаме адекватен простор за тренинзи-нагласи тој и додаде дека во знак на благодарност до стопанствениците ќе направат ложа во салата, од која постојано ќе може да ги следат најинтересните спортски случувања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов