Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Од:

Три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале, дознава „А1он“.

Инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци. 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница.

Од МВР за „А1он“ потврдуваат дека се случил крвав настан и дека полицијата во моментов врши увид.

„На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, потврдија од МВР.

Напаѓачот е уапсен. Станува збор за нерасчистени имотно-правни односи.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он