На кого му се брза да се спојат ОНЕ и ВИП?

Од:

Интензивни притисоци се вршат врз Комисијата за заштита на конкуренцијата што побргу да се донесе одлука за спојување на двата телеком оператори ОНЕ и ВИП, дознава А1он.

Според информациите, високи владини претставници ја притискале комисијата за заштита на конкуренцијата што побргу да ја донесе конечната одлука и да го потврди спојувањето на фирмите.

Во Комисијата официјално не сакаат да коментираат дали има притисок, но сепак според извори од таму тие биле изненадени дека и покрај што имаат рок до средината на јуни да ја донесат долуката, се врши притисок истата да биде донесена што побргу.

-Комисијата ќе донесе решение со кое може да ја одобри или забрани таа концентрација, рокот за тоа решение истекува во средина на јуни, поведовме постапка, известувањето беше објавено, од денот на објавувањето ни престојат 90 работни дена. Имаше забелешки од Македонски Телеком и Т- мобиле кои заедно доставија едно мислење и дополнително има мислења од две физички лица, велат од Комисијата.

Од таму за А1он повторуваат дека имаат законски рок од 90 дена и не можат да коментираат дали има некаков притисок или нема.

Со спојувањето на двата оператори во Македонија се враќа дуополот кој беше пред 2006 година и кој владата на Груевски го разби со влезот на третиот мобилен оператор. Во меѓувреме пропаднаа обидите за формирање виртуелен мобилен оператор бидејќи и холандската ВТИ и Албафон не заживеаа на пазарот. Дали со спојување на ОНЕ и ВИП се отвора можност за нов трет мобилен оператор?

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска