Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора

Од:

Кредитната рејтинг агенција Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора, и во новиот извештај е потврдена оценката на рејтингот Б1, со значителна промена во перспективата, од „стабилна” во „позитивна”, пренесува Анадолија.

„Според проценките на аналитичарите од рејтинг агенцијата, клучен двигател за промената на црногорскиот профил на позитивен го карактеризира поволна среднорочна перспектива на економскиот раст на Црна Гора, поддржана од структурните реформи, напредок во преговорите за членство то во ЕУ и значајни инвестициски проекти во секторот на транспортот, туризмот и енергетиката“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии и Владата.

„Владините мерки за консолидација ја подобруват фискалната позиција на Црна Гора, а ефективните мерки на Владата во областа на управување со го намалуваат ризикот на среднорочно рефинансирање во Црна Гора“, се наведува во соопштението.

Очекувањата на аналитичарите од Муди`с, како што е соопштено, се дека црногорската економија ќе го оствари потенцијалниот раст од околу 3,5 отсто, а проектот за изградба на автопат се карактеризира како потенцијал за натамошно унапредување на положбата на Црна Гора.

Според извештајот, Црна Гора постигнала значителен напредок во спроведувањето на мерките за фискална консолидација, меѓу кои се повисоки приходи и намалување на трошоците, како и започнатите структурни реформи во пензискиот систем и јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора