Можно е ЕУ да се откаже од ограничување на цената на рускиот гас

Од:

Министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 30 септември ќе имаат вонреден состанок, на кој ќе се обидат да договорат мерки за стопирање на цените на енергенсите.

– Тоа што го почнавме минатата недела, ќе го завршиме на 30 септември. Штотуку свикав уште еден вонреден состанок на министрите за енергетика за да разговараме за предлозите на Комисијата за намалување на цените на енергијата, објави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела на Твитер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре пред Европски парламент, ќе ги објави предлози за мерки за запирање и намалување на цените на енергијата.

Во предлозите на Лајен не се споменува ограничување на цената за увоз на гас ниту од Русија, ниту од други земји, а исто така не е спомната ниту програма за поддршка на ликвидноста на енергетските компании за да им се помогне да се соочат со нестабилноста на пазарот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра