Молк од Инспекцискиот совет по снимката со инспекторот, штитат од криминал или го штитат криминалот?

Од:

Инспекцискиот совет и Агенцијата за храна и ветерина си молчат и по објавеното видео на кое се гледа како се однесува инспекторот за кого сопственик на кетеринг служба имаше поднесено претставка. Молкот на двете институции, и на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за храна и ветерина значи дека тие го одобруваат ваквото однесување и се заштитници на вакви инспектори.

Пред да дојде СДСМ на власт најавуваше справување со криминалот и корупцијата, но по начинот на досегашното функционирање на Инспекцискиот совет, односно дел од членовите, очигледно ништо не се сменило. Ако се погледне работата на советот од септември кога е избран па до сега, се поставува прашањето зошто воопшто постои? Статистиката покажува дека освен еден инспектор, не казниле, не разрешиле и не повеле никаква постапка за десетиците поплаки за инспектори, упатени до нив. Политичката заштита колку е да е силна во моментов на партиските избраници во Инспекцискиот совет, ќе попушти пред налетот на докази за тоа како одредени инспектори рекетираат и се богатат на грбот на приватниот сектор.

До А1он стигнаа поплаки од инспектори кои не сакаат да се изедначува нивната работа со оние што рекетираат, а никој не ги казнува.

-Во Агенцијата за храна и ветерина има и чесни инспектори, кои често се изложуваат на ризик, но сега сме сите изедначени со некои кои работата им служи за реализирање на други бизниси. Се знаеме сите меѓу себе, тоа го знаат и директорот и во советот, но ништо не преземаат, вели вработен од Агенцијата за храна и ветерина за А1он.

А1он пишуваше за случајот на Владимир Јашевиќ, сопственик на ВНД- Компани, фирма која се занимава со кетеринг услуги и кој се осмели да проговори за притисоците кои се вршат врз него. Според Инспексцискиот совет немало никави неправилности во работата на наведениот инспектор, иако во претставката е наведено дека фирма на семејството на инспекторот исто се бави со кетеринг, со притисок го презема бизнисот кај набавувачите кај кои Јашевиќ носи храна.

Инспекцискиот совет ниту го повика инспекторот, ниту го повика сопственикот на фирмата, ниту направи анализа или некакво испитување. А1он упати прашања и очекува одговори од Инспекцискиот совет кој гласал од членовите за ваквата одлука и на кој начин утврдиле дека нема неправилности во работењето на инспекторот.

Претставката на Јашевиќ во Инспекцискиот совет беше примена на 25 декември, но од Советот веднаш го известиле инспекторот кој следниот ден повторно отиде во објектот на Јашевиќ во контрола, „за да му покаже кој е посилен“, каде храната ја фаќа со голи раце со кои претходно се допира за носот и косата.

Ниту за ова Инспекцискиот совет и Агенцијата за храна и ветерина немаат реакција, по што може да се претпостави дека и тоа е нормално однесување, и со што им се дава уште поголема сила на ваквите „разулавени“ инспектори.

Продолжува..(Како инспектори изнудуваат пари од сопственици на објекти?)

Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија. Оваа статија е изработена во рамките на проектот “Во фокус: Надминување на злоупотребите на должност”, имплементиран во партнерство помеѓу НВО Профицио и медиум А1Он, а со поддршка од Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE, спроведуван од Фондација Метаморфозис, Вестминстер фондација за демократија, Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Граѓанска асоцијација Why not?, Центар за демократска транзиција – CDT, Open Data Kosovo (ODK), и Levizja Mjaft!. Содржината на оваа статија не го одразува официјалното мислење на Европската унија. Одговорноста за информациите и ставовите изразени во статијата е целосно на авторот (ите).

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Во Србија се уапсени десетина даночни инспектори поради злоупотреба на функцијата

Горан Наумовски

Бектеши: Комисијата за заштита на конкуренцијата не презема мерки за цените, а поминавме неколку кризи

Орце Костов

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Не чини состојбата во државните инспекторати – едвај работат со половина кадар, покажа ревизијата

Жарко Настоски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска