Могерини повторно побара итно укинување на косовските царини

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во Брисле се сретна со членовите на косовската делегација избрана за дијалогот со Србија, соопшти нејзиниот кабинет.

Во соопштението се наведува дека за Могерини „присуството на делегацијата во Брисел е доказ за тоа дека косовските власти даваат приоритет на нормализацијата на процесот“.

Високата претставничка ја искористила можноста да им повтори на членовите на делегацијата дека под „итно“ треба да се укинат царините за производите од Србија и Босна и Херцеговина, кои Косово ги покачи на сто отсто кон крајот на 2018 година.

Србија инсистира дека додека не се укинат овие царини дијалогот помеѓу двете страни не може да продолжи. Овој дијалог го посредува Федерика Могерини во име на Европската Унија.

Последната рунда во ноември во Брисел заврши без никаков напредок.

– Постигнувањето на комплетен и правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите во контекст на дијалогот помеѓу Белград и Приштина бара клима која придонесува за доборососедски односи, во кои минатите договори се почитуваат и применуваат, а акциите и изјавите кои не се компатибилни со општиот интерес и стратешките цели на регионот се избегнуваат, посочи Могерини по средбата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски