ММФ се подготвува за нова фаза на грчката должничка криза

Од:

Меѓународниот монетарен фонд не е подготвен да и достави на Грција дополнителни кредити, доколку земјите-членки на Европската унија не отпишат значителен дел од грчкиот долг, пишува денеска весникот „Волстрит журнал Јуроп“.

– ММФ го подготвува теренот за нов круг преговори, со оглед на тоа дека грчкиот проблем повторно е ставен на дневен ред, нагласува весникот.

Кредиторите засега не успејаа да постигнат согласност околу отпуштањето на следната транша од втората програма за спас на Грција. Се очекува следниот обид за постигнување договор да се случи на 20 ноември на средба на министрите за финансии од еврозоната и претставници на ММФ. Грција траншата од 31,5 милијарди евра требаше да ја добие во септември или октомври, но Атина неочекувано побара две дополнителни години за исполнување на задолженијата, содржани во втората програма за помош.

Министрите за финансии од еврозоната претходно се договорија да го продолжат рокот за дејствување на програмата до 2016 година, но се појави уште една пречка – Грција ќе има потреба од дополнителни 30 милијарди до 35 милијарди евра за да го финансира буџетот да дополнителните две години.

Засега никој не сака да ја разгледува таа можност, а извори од ММФ велат дека Фондот бара нови алтернативи, според кои главната помош за Атина повторно ќе дојде од државите од еврозоната преку масовно отпишување на долговите.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос