ММФ му исплатиле на Мјанмар 350 милиони долари неколку денови пред државниот удар

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатата недела исплатил 350 милиони долари на Мјанмар како итен случај во услови на корона-криза.

Неколку дена подоцна, војската ја презеде власта и приведе високи политичари, вклучително и де факто лидерката на државата, Аун Сан Су Чи. Стејт департментот на САД го оквалификува инцидентот како државен удар.

Според експерти, се чини дека ММФ може малку да направи за да ги врати средствата што се дел од програмата за итно финансирање за борба против Ковид-19, што е речиси безусловно и е одобрено од раководството на Фондот на 13 јануари.

„Ние внимателно го следиме развојот. Ние сме длабоко загрижени за влијанието на настаните врз економијата и луѓето во Мјанмар“, нагласи во е-маил изјава портпаролот на ММФ до западни медиуми, потврдувајќи дека исплатата е извршена минатата недела.

САД се главен дел во ММФ, кои му обезбедија на Мјанмар 700 милиони американски долари за итни средства за кризата во текот на изминатите седум месеци, вклучително и транша од минатата недела.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме