ММФ: Европа мора да работи на намалување на грчкиот долг

Од:

Претставници на ММФ оценија дека разговорите на  ЕУ со Грција не се во „ќорсокак“, но Европа треба да продолжи со работа на намалување на долгот на Грција.

– Преговорите не се доведени во прашање, изјави Вилијам Мареј, портпарол на ММФ објаснувајќи дека директорот на Фондот, Кристин Лагард ќе ја скрати посетата на Азија за да присуствува на закажаниот самит на Еврогрупата посветен на Грција во вторник во Брисел.

За време на претходниот состанок, претставници на ММФ и ЕУ имаа различни ставови во поглед на грчкиот долг.

Претставници на Фондот се со став дека долгот на Грција мора да биде сведен на 120 отсто БДП до 2020 година, додека Брисел побара на Грција да и се одобри продолжување на отплатата на долгот за уште две години.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос