ММФ: Албанија со најголема сиромаштија во регионот, една третина од населението живее со помалку од 5,5 долари дневно

Од:

Пандемијата и катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019 година, ја зголемија сиромаштијата во Албанија и таа и понатаму е највисока во регионот.

Во 2020 година една третина од населението живеело со помалку од 5,5 долари дневно.

-Во Албанија, во 2020 година, што се совпаѓа со кулминацијата на пандемијата со Ковид-19, една третина од населението или 32,6 отсто се сметало за сиромашно, за разлика од 31,8 отсто претходната година. Наспроти тоа, социјалната заштита на населението е меѓу најниските. За 2021 година нивото на сиромаштија се очекува благо да се намали на 30,8 отсто, се наведува во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, (ММФ) за напредокот на земјата.

Се додава дека стапката на сиромаштија во Албанија е една од највисоките во Западен Балкан, додека нејзината покриеност со социјална заштита е меѓу најниските.

-Според ММФ, се проценува дека сиромаштијата во земјата се зголемила за 0,8 процентни поени по земјотресот и пандемијата, враќајќи се на делумно влошување, по периодот на подобрување што започна од 2014 година. Благодарение на силното економско закрепнување во 2021 година и владините мерки за поддршка, Светска банка проценува пад на стапката на сиромаштија под нивоата пред пандемијата во 2021 година, пренесува Топ чанел.

Што се однесува за земјите во регионот, стапката на сиромаштија во Косово се зголемила на 23,4 отсто во 2020 година (од 20,9% во 2019 година). Во Северна Македонија показателот достигна 18 проценти (од 16,9%), додека во Црна Гора значително се зголемил, од 14,5 отсто на 20 проценти. Најниска сиромаштија има во Србија, 17,4 отсто речиси непроменета во однос на годината пред пандемијата (17,3%).

Би можело да ве интересира

Албанија покриена со снег, од понеделник краток прекин на наставата во училиштата

Ана Ололовска

Мета: Едвај чекам да се вратам во политичките битки, на земјата и е потребно вистинско лидерство

А1он

Единаесет години од протестот на социјалистите во Тирана во кој беа убиени четири лица

Ким: За Бериша имаме потврдени докази од повеќе институции

А1он

Во шест општини во Албанија, предвремени избори на 6 март

А1он

Поради најава за поларни температури, во Албанија следната недела три дена нема настава