„Мишелин“ го префрлa производството од Грција во Романија

Од:

Францускиот производител на автомобилски гуми „Мишелин“ објави дека ја затвора својата филијала во Грција по 34 години работење и го префрла производството во Романија.

Компанијата во своето соопштение наведува дека ќе го префрли своето производство од Грција во Романија во рамките на процесот на реорганизација на операциите на „Мишелин“ во Централна и Јужна Европа, објави грчкиот весник „Катимерини“.

„Мишелин“ претходно предупреди дека производството на компанијата во Европа е погодено од намалувањето на продажбата и дека не е исклучена ниту една опција за адаптација кон падот на европскиот автомобилски пазар.

Француската компанија има 40 фабрики во Европа и вработуба околу 64.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос