МИОА и ССК со сет мерки за развој на ИТ секторот

Од:

Преквалификација и доквалификација на профили, даночни ослободувања за ИКТ компаниите и поттикнување на младите да се ориентираат кон овој вид образование се дел од сетот мерки со кои Владата и бизнис секторот ќе се обидат да го решат недостигот на ИКТ кадар во државата.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски заедно со претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори Саша Огненовски денеска на прес-конференција истакнаа дека целта е да се задржат обучените ИКТ кадри да не ја напуштаат државата и за да се надмине недостигот со ваков вид на кадар на пазарот на труд.

– Тоа се сет на мерки од кои едните се насочени кон тоа постојаните квалификувани кадри да останат во државата, а другите мерки кон тоа брзо да преквалификуваме и доквалификуваме кадар којшто ќе може да излезе на пазарот на трудот и да се нуди во ИКТ секторот. Се работи за неформално образование преку разни видови на тренинзи и обуки кои ги обезбедуваат приватните ИКТ компании, рече министерот Манчевски.

Тој смета дека и концептот на Владата за зголемување на просечните плати и изедначувањето на условите за инвестирање на домашните и на странските компании ќе влијае врз задржувањето на обучените ИКТ кадри во државата. Се планираат и сет мерки со кои ќе се мотивираат младите матуранти да се запишуваат на ИКТ факултетите.

Според претседателот на ИКТ комората, македонските ИКТ компании мора да бидат конкурентни за да ги задржат вработените кои, како што посочи, се повеќе ги напуштаат работните места во државата и одат надвор од неа.

– Заедничка цел ни е капиталот којшто ќе се создава во ИКТ индустријата да остане во Македонија, односно домашните компании она што ќе го заработат, да го потрошат во државата, рече Огненовски.

Во однос на доближување на услугите на јавната администрација до граѓаните денеска министерот Манчески најави зголемување на услугите коишто се нудат преку порталот Е-услуги и достапност по електронски пат на 50-те најчесто барани документи од страна на граѓаните.

Се планира и унифицирање на единствената база на податоци – регистер на граѓани со што, според министерот Манчевски, ќе се елиминираат многуте проблеми коишто се појавиле со Избирачкиот список, личните документи на граѓаните, здравстевно осигурување…

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино