Министрите за финансии на Еврогрупата и ја одобрија на Грција следната транша од 8,5 милијарди евра

Од:

Министрите за финансии од Еврогрупата на нивната денешна средба во Луксембург постигнаа договор за грчкиот долг, што ќе го овозможи отпуштањето на следната спасувачка транша свежи пари за Атина, пренесе ДПА, цитирајќи неименувани извори.

Траншата изнесува 8,5 милијарди евра, што е повеќе од седумте милијарда, за кои Грција има итна потреба за да може во јули да ги плати своите ануитети од долгот и да го избегне банкротот.

Исчекорот доаѓа откако меѓународните кредитори на земјата беа поделени по прашањето како да се изменаџира третиот спасувачки пакет по грчкиот финаниски крах од пред седум години.

Грција е во процес на изведување болни реформи за да добива натамошна спасувачка помош од своите европски кредитори, забележува ДПА.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов