Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе учествува на состанокот на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација РеСПА, што се одржува денеска во Сараево.
На состанокот ќе присуствуваат министрите за администрација од Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, кои заедно со Македонија се членки на РеСПА.
Регионалната школа за јавна администрација, која е сместена во Даниловград, Црна Гора, е меѓународна организација со мисија за развој на регионалната соработка на полето на јавната администрација. Ја остварува својата мисија преку организација и испорака на тренинг активности, конференции, вмрежување, публикации и други активности насочени за пренесување знаење и вештини, како и размена на искуства меѓу земјите во регионот и со земјите членки на ЕУ.