МФ ја заокружи Првата годишна конферeнција, која станува традиција – пораките ќе бидат прeточени при креирање на политиките и приоритетите

Од:

Првата годишна конференција на Министерството за финансии денеска попладне се заокружи со осврт на изнесените идеи, согледувања, пораки во шесте панели одржани вчера и денеска во Скопје. Резимеата од учесниците и модераторите ќе бидат писмено споделени во официјален документ, кој ќе биде воедно искористен и при утврдување на буџетот за наредната година и приоритетите.

-Конкретните резултати од оваа конференција се пораките да бидат дел од креирањето на политиките. Оваа иницијатива не е брзо да сработиме нешто, туку имаме шанса сите заедно и успешно да стигнеме далеку и не еден или друг, туку сите да ги собереме резултатите, порача на затворањето на Конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Конференцијата која се организираше првпат од Минстерството за финансии на тема „Економско закрепнувње и раст по Ковид“ во рамки на „Економскиот и финансиски форум“ ќе стане традиција која ќе се одржува еднаш годишно, а пораката од Конференцијата таа да биде на пролет.
Во двата дена високи гости дебатираа на тема „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, „Добро владеење и социјална кохезија“, „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“,„Паметен и зелен раст на економијата“ и „Човечки капитал и инклузивен раст“.

Конференцијата, вчера, официјално ја отворија со обраќања премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, а вториот ден воведни обраќања имаа претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

„Денес сме тука да кажеме дека ковидот нема да нѐ победи. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против коронавирусот и денес тука ќе зборуваме за опоравување и не само за тоа, туку и за повеќе од опоравување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на Конференцијата.

Тој потенцира дека учиме од минатото, да делуваме во сегашноста, а се подготвуваме и за иднината. -За годинава проектиравме раст од 4,1 процент и просечен годишен раст од 5,4 проценти за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино опоравување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна Бесими.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање, оцени дека националната економија е стабилна и ќе расте, упатувајќи на последните статисчки податоци за раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто, според кои може да се каже дека кризата и официјално одминува, а економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe.

Потенцира дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата и ги посочи Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 кој ги опфаќа сите инвестиции предвидени да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори.

-Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како што се вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап итн. Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање забрзан раст“. Основна цел на Планот е да го финансира закрепнувањето на економијата од ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, рече премиерот.

Планот дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции што ќе водат до успешна имплементација. „Првпат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIM преку кои ќе имаме навремен, целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот со кој ќе ги совладаме институционалните слабости и ќе ги зајакнеме нашите капацитети“, потенцира премиерот Заев.

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на конференцијата посочи дека глобалната економија се уште е фагилна, а предизвиците се големи и порача дека во овој момент за жал не можеме да дадеме соодветна проценка уште колку ќе трае оваа состојба и какви ќе бидат економските консеквенци на крајот.

-За разлика од лани општата економска прогноза е подобрена иако закрепнувањето според очекувањата се одива бавно. И нашата економија не е исклучок од светските трендови. При носењето на сите мерки за заштита на населението, примарна цел беше да се минимизираат загубите во економијата и да се помогне на најзагрозените сектори, се разбира тоа колку што беше возможно во тие услови. Во тој контекст компаниите се бореа да продолжат со својата дејност, а при тоа да ги зачуваат своите вработени, и да го задржат квалитетот на производите и услугите што ги испорачуваат. Јасно е дека загубите се огромни и ќе треба време за опоравување на македонското стопанство кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба, но она што е значајно дека имаме информации и анализи да процениме кои одлуки биле погрешни и не треба да се повторуваат, а кои продуцирале позитивни ефекти, порача претседателот Пендаровски.

Потенцира дека како поединечни држави не сме изолирани енклави и дека со индиивдуални напори не може да се спротивставиме на опасноста која и се заканува на целата човечка цивилизација и затоа е потребно заедничко делување на глобален план.

„Имунизцијата е клучниот фактор за излез од кризата и во тој процес не смее да се дозволи забавена динамика или нерамномерна дистрибуција на вакцините. Во кризни времиња сме уште поупатени еден на друг. Верувам дека нашата заедничка цел е да изградиме побезбеден свет во кој приоритет ќе бидат благосотојбата, здравјето и среќата на луѓето, истакна претседателот Пендаровски.

Тој оцени дека треба да се даде поддршка на младите кои се образуваат и создаваат во земјава. Тие, рече претседателот, се иднина на нашето општество и институциите треба да сторат се што е во нивна моќ да ги поддржат нивните идеи и нивните размислувања. Соодветната едукација е фундаментот за развој на човечкиот капитал, општеството е должно да го развие потенцијалот на младите и да вложува во нивните идеи. Токму во постковид периодот ќе имаме сет на политички и економски мерки кои ќе поттикнат продукција на нови свежи концепти на тој план.

Градончаланикот на Град Скопје Петре Шилегов во обраќањето рече дека во вакви тешки времиња губат сите и граѓаните и инститиуции и компаниите кои вршат стопанска дејност, затоа, порача, сите мора да се вклучиме во изноѓање оптимални решенија и кои ќе ни го олеснат животот, затоа што на крајот на денот, како што рече, сите сме на иста страна, на страна на животот.

„Убеден сум дека преку размеаната на идеи преку оваа Конференција сите заедно ќе придонесеме кон кохерентноста на политиките и зајакнување на процесот на планирање на буџетот како на државниот, така и на локалниот. Препораките за политики и вредните сознанија што ќе прозизлезат од неа ќе послужат како важен инпут на формулирање политики за следната година и подолг рок, потенцира Шилегов.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција произлезе од заложбата на Министерството за финансии како институција за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството