МФ го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година

Од:

Министерството за финансии денеска на својата веб страница го објави Граѓанскиот буџет за 2018 година во кој се претставени килучните информации од Предлог-буџетот на РМ за 2018 година,што Владата го достави до Собранието.

– За разлика од обемниот и детален Предлог-буџет на нашата држава, Граѓанскиот буџет е направен да биде едноствен и разбирлив и за граѓаните кои не се економисти, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Ова е втор последователен Граѓански буџет што Министерството за финансии го објавува. Претходно беше објавен Граѓанскиот буџет за 2017 година, што беше усвоен од Собранието на РМ во август годинава.

Од Министерството за финансии најавуваат дека и натаму ќе продолжат редовно да објавуваат граѓански буџет, заедно со буџетите или нивните измени и дополнувања.

– Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспареноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен исчекор во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики. Поради ова, Министерството за финансии, првпат во историјата на Македонија, организираше јавна дебата на која ги претстави основите на Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година, наведува министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација