МФ бара појаснување од Уставниот суд за земјоделските субвенции

Од:

Уставниот суд денеска на својата веб страница го објави Решението според кое нема законска пречка за исплата на земјоделските субвенции пред да се формира влада.

Во врска со објавеното Решение, Министерството за финансии (МФ) информира дека во текот на денов официјално поднело писмо до Уставниот суд од кој бара да му достави препис од Одлуката и појаснување.

Уставниот суд завчера, на 10 мај, поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Оваа мерка важи до конечното одлучување на Судот.

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов