Меркел: Уште веруваме во солидарност на европско и одговорност на национално ниво

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека по јасното “НЕ” на грчкиот референдумот за понудата на меѓународните кредитори за условите за продолжување на финансиската помош, дека Еврозоната се уште верува во договор со Грција за останување на оваа јужно-европска земја во рамки на земјите што го користат еврото како национална валута, јави дописникот на МИА од Брисел. При пристигнувањето на в3ечерашниот Самит на Еврозоната, Меркел потенцираше дека се уште во Европската унија се верува во солидарност на европско, но и одговорност на национално ниво.

– По истекувањето на втората програма за помош и повеќе од јасното “Не” на референдумот во Грција, се уште и понатаму нема подлога за преговорите за програмата во рамки на Европскиот механзиам за стабилност (ЕСМ). И понатаму веруваме во солидарност на европско ниво и одговорност на национално ниво и овие две работи не може да се издвојуваат. Со други зборови, без солидарност, нема можност за помош. Без солидарност и реформа, не е можно да отидеме таму каде што сакаме. Сега ќе расправаме за следните чекори, но нема да ја добиеме конечната слика – посочи Меркел.

Со оглед на тоа што за утре, новиот грчки министер за финансии Евклит Цакалотос се очекува да ја претстави најновата понуда од Грција за решавање на закочените односи меѓу неговата земја и межѓународните кредтирои, првата дама на германската политика предупреди дека се повеќе недостасува време за договор.

– Не се во прашање недели, туку неколку денови. Ќе видиме што грчкиот премиер ќе ни каже – истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела