Меркел е подготвена за нови преговори со Грција по референдумот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вратата за нови преговори за финансирање на Грција ќе биде отворена по референдумот закажан за 5 јули.

– Ако по референдумот грчката влада побара да се обноват преговорите, природно ние нема да се спротивставиме на тоа, изјави Меркел на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека предметниот референдум очигледно е поврзан со останување во еврозоната.

Германската канцеларка ја отфрли можноста да биде закажан вонреден Самит на европските лидери пред референдумот во Грција, закажан за 5 јули, јави ДПА.

– Треба да бидеме многу внимателни за пораките што ги испраќаме, изјави Меркел, истовремено отфрлајќи ја можноста да патува до Атина пред референдумот.

Во среда германскиот парламент ќе има специјална дебата за грчката криза.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела