Меѓународните кредитори бараат од Грција доследно спроведување на реформите

Од:

Меѓународните кредитори бараат од Грција посветено да ги спроведе потребните структурални реформи во државниот сектор, за да може земјата да ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош.

Извори од грчкото Министерство за финансии изјавија дека претставниците на тројката (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), кои во моментов се во Атина за да го оценат напредокот на реформите, не правеле никакви отстапки и барале јасно ветување од грчка страна за реформите во државниот сектор.

Финансирањето на Грција може да биде замрзнато, доколку земјата не успее да ги увери кредиторите, дека реформите непречено се спроведуваат.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе