Во Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе се одржи Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2017.
На саемот ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската Федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија. Македонските иноватори ќе може бесплатно да ги изложат нивните пронајдоци.
Саемот ИНОВАМАК 2017 го организира „Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија“, претставник на Република Македонија во IFIA – Светската федерација на сојузи на пронаоѓачи.
Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ, а работното време е од 10 до 19 часот. Наградите за најдобрите иновации ќе бидат доделени на 23 ноември.