Маричиќ: Европските пари се поддршка на нашите земјоделци и македонските вина и храна

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вели дека благодарение на континуираната поддршка од европските фондови, која ја добиваат нашите земјоделци, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот.

– Европската комисија веќе ја усвои програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура, пишува на својот Фејсбук профил вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ.

Во пресрет на одржувањето на Саемот за вино, храна и туризам, во рамки на „Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград, каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна, вицепремиерот Маричиќ вели дека виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначаен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Северна Македонија

Вицепремиерот Маричиќ ги наброја придобивките од членството на Северна Македонија во Европската Унија, во областа на вино и храна, и што ќе им овозможи пристапувањето во Унијата на македонските земјоделци.

„Со членството во Европската Унија, во областа на вино и храна, ќе се овозможи:

Македонските земјоделци да имаат слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ.

Северна Македонија да биде дел од Европската економска зона и од единствениот пазар на државите членки на ЕУ, со што се отвораат нови можности за македонските производители.

Да регистрираме и заштитуваме земјоделски производи, кои се веќе регистрирани и заштитени со национални ознаки на потекло, географско потекло или гарантиран традиционален специјалитет.

Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, кои ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, со кои македонските земјоделци ќе имаат можност за полесно модернизирање на земјоделството и производство на многу поквалитетни и поконкурентни производи.

Отворен пазар за произведената македонска храна.

Подобрен квалитет и хигиена на храната, 100% безбедна, сигурна и конкурентна на европскиот пазар.“, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

A1on

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on