Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

Од:

СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ.

Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите.

– СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ.

Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните.

За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми.

– Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

„Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски