Макпетрол ја намали цената на природниот гас

Од:

„Макпетрол“ од 1 февруари 2013 ја намали цената на природниот гас за 3,08 отсто во однос на јануари годинава. Ова е второ намалување на цената од страна на оваа компанија од почетокот на годинава, со што вкупното намалување изнесува 19,73 отсто во однос на декември минатата година.

– Со ова се одржува  тенденцијата  за намалување на цената на природниот гас годинава. Тоа придонесе и за намалување на животните трошоци во јануари  годинава споредено  со декември минатата година, се наведува во соопштението од „Макпетрол“.

Според компанијата, со ова последно намалување на цената, природниот гас станува поконкурентен во однос на мазутот, а при согорување  има многу пониски  емисии на штетните гасови.

Годинава „Макпетрол“ ја намали и цената  на метанот за моторните возила  на 49 денари за килограм, со што ова гориво станува уште поекономично за примена во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за март

Катерина Павлова-Николовска

Руски гас преку Украина: Дневни испораки од 35,5 милиони кубни метри

А1он

Складиштата за гас во ЕУ исполнети до 84 проценти

А1он

Газпром: Извозот на руски гас надвор од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година