Макотен: Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100% законски!

Од:

Во врска со медиумските прилози за купопродажбата на недвижен имот, посебен реален дел во хотелот „Мериот“, компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, чиј единствен содружник е Новоматик од Австрија, во чија групација е и “Казино Фламинго”, сака да го адресира следното:

„Целокупната постапка за купопродажба на посочениот недвижен имот е спроведена исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. “Новоматик” како реномирана корпорација и светски бренд кој доаѓа од земја членка на ЕУ нема никогаш да си дозволи било какви деловно – правни односи кои можат да го нарушат нашиот имиџ на компанија која секогаш работи 100 % законски. Како повеќегодишен закупец на посочениот недвижен имот менаџментот на “Макотен ДООЕЛ Гевгелија” во согласност со добрите деловни обичаи и правото на првенствен откуп во случај на продажба, одлучи да пристапи кон купување на недвижниот имот кој досега како “Казино Фламинго” го имаше во владение по основ на закуп. И оваа, како и сите наши претходни инвестиции во Северна Македонија ги сметаме како добра порака до сите други инвеститори за перспективите и стабилноста на македонската економија.

Потенцираме дека вредноста на нашите досегашни инвестиции во Северна Македонија изнесуваат 80 милиони евра и воедно амбициозно планираме нови проекти кои ќе ја
движат македонската економија напред и ќе отвораат нови работни места. Ние сме дел од македонската економска гранкa – игри на среќа веќе 17 години и како претставник на “Групацијата Новоматик Македонија” ќе продолжиме да имплементираме највисоки европски и светски стандарди во нашето деловно работење.

Се трудиме да ја разбереме потребата да се направи сензација, но сепак апелираме до дел од медиумите да се воздржат од евентуално ставање во негативен контекст на реномираната “Новоматик” и нејзино намерно или случајно поврзување со некакви дневно – партиски агенди или тековни правосудни постапки. Искрено се надеваме дека со ова ги разјаснуваме сите наши деловни активности околу купопродажбата на посочениот недвижен имот и сакаме да веруваме дека нема да бидеме доведени во крајна нужда за да користиме правни дејствија да го заштитиме угледот на корпорацијата која ја претставуваме во Северна Македонија“.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Извлечен е последниот преживеан од урнатиот хотел во Германија

(ВИДЕО) Експлозија во хотел во Тексас, има тешко повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Изнајми хотелска соба и снимил страшно откритие: „Не можев да спијам овде“

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница