Македонските ИКТ компании претставени на саемот ANGACOM во Келн

Од:

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ, во рамките на своите активности во делот на промоција на извоз на македонските компании организира национален штанд за македонските компании од секторот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ) на саемот ANGACOM – Exhibition and Conference кој се одржува во Келн, Германија.

Директорот на Инвест Македонија, Вулнет Адеми заедно со претставниците од Агенцијата остварија контакти со поголем број компании од кои произлегоа најави за посета на земјата, меѓу кои е и компанија од Швајцарија која е во сериозни преговори со цел финализирање на одлуката за инвестирање.

Во рамки на настанот домашни компании одржаа Б2Б средби со потенцијални бизнис партнери од други земји на кои беа дискутирани можностите за бизнис соработка.

Оваа саемска манифестација е уште една можност Инвест Македонија да ги поддржи домашните компании од ИКТ индустријата воедно промовирајќи ја поволната бизнис клима за потенцијалните инвеститори како и растот и развојот на ИКТ секторот во РМ.

ANGACOM претставува водечка бизнис платформа за софтверските компании, како и телеком компаниите на кој учествуваат над 500 компании изложувачи од 40 различни земји и за време на истиот ќе има над 19.000 посетители од 80 различни земји, како и 2300 учесници на конференциската програма.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска